Нешто најслатко кое ќе го видите денес: Во зоолошката градина во Берлин родено ретко животинче


Не ова не е ракун, ова е бебе црвена панда.

Ретка црвена панда е родена во зоолошката градина во Берлин, само неколку месеци откако нејзините родители пристигнаа од Индија, соопшти денес зоолошката градина.

Младенчето е пронајдено на 6ти јуни во пештера во која живеела неговата мајка, а сега е со големина на морско прасе.

Полот на младенчето се уште не е утврдено, поради што тоа се уште не добило име.

Тоа е десетата црвена панда која е одгледана во берлинската зоолошка градина, како дел од меѓународната програма за заштита на загрозени видови на животни.

Младенчето веројатно ќе биде изведено пред посетителите во септември, кога се очекува да ја напушти пештерата на својата мајка и да започне да го истражува отворениот простор за црвените панди.

Родителите на малата панда, мајката Шин (6) и таткото Џоел (5), кои потекнуваат од зоолошката градина Дарџилинг на малите Хималаите, добро се чувствуваат во новата околина, се наведува во официјалното соопштение на зоолошката градина во Берлин.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format