Не е важно само водењето љубов, многу поважно е она што го правите после тоа


Не е важно само водењето љубов, многу поважно е она што го правите после тоа…

Говорот на телото е многу тешко да се лажира или сокрие, и поради тоа, можете да дознаете многу работи за вашиот партнер доколку го следите неговото однесување после секс.

За жените, мазењето и милувањето некогаш се поважни од водењето љубов, и многу им е важно како нивниот партнер се однесува во кревет, посебно после односи.

Доктор Дејвид Гивенс наведува што открива однесување на мажот после секс за него, но и за вашата врска.

Привлекување

“Доколку мажот во привлекува кон себе во текот на секс, тој сака повеќе интимности. ТОј буквално ве привлекува до најчувствителниот дел од телото, а тоа е вратот. Тоа е сигурен знак за доверба и наклонетост. Од друга страна, доколку ја допира вашата рака, тоа е знак дека е пасивен и дека очекува вие да одлучувате за се”, објаснува тој.

Оттргнување

“Доколку мажот после секс, веднаш се оттргне од вас, тоа е јасен знак дека не сака обврска. На овој начин се одвојува од вас и создава емоционална и физчка дистанца”, напоменува Гивенс.

Поза лажица

Доколку мажот после водењето љубов лежи покрај вас во лажица поза, тоа е показател и дека е луд по вас, но и дека е помалку посесивен. Како да направите разлики?

Доколку целосно ве зграбил и буквално ве опфатил од сите страни, тоа е знак за доминантност.

А доколку сака да се гали и тоа така што вие ќе го прегргнете во оваа поза, тоа укажува дека сака да водите грижа за него.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format