Не знаела зошто нејзиниот сопруг се развел од неа кратко после нивната венчавка – болната вистина ја дознала од весник неколку години подоцна


Ги разоткрила неговите лаги.

Жена која никогаш не сфатила зошто нејзиниот брак се завршил така нагло, се шокирала кога ја дознала причината во објава во весникот New York Times.

Тогаш во весникот била објавена вест за венчавката на нејзиниот поранешен сопруг Роберт со Лорен која ја запознал во теретана во јануари 2017 година. Тие се венчале на мала церемонија пред 25 гости. Но, Никита Морено тврди дек Роберт бил во брак со неа кога зпаочнал да се гледа со Лорен.

-Според објавата, парот ја започнал својата врска во јануари 2017. година. Таму пишувало дека тој никогаш не бил во брак. Тоа за мене беа новости бидејќи јас бев негова жена во јануари 2017. година. Се разделивме на крајот од март истата година, а официјално се разведовме во јануари 2018 година и никогаш не знаев зошто. Се додека не ја видов веста за него – изјавила Никита.

Во весникот пишувало дека Роберт и Лорен се зближиле поради љубовта кон вежбањето пред три ипол години. Тој се присетил дека му паднала во око поради изгледот, но и затоа што била единствената жена која дигала тегови.

Но, Никита тврди дека таа и Роберт се венчале уште во 2015 година, и дека имале планови а поголема свадба на лето во 2017 година, но тогаш нејзиниот сопруг започнал да се оддалечува. Кога се вратил дома од патување во Тексас со пријателите и рекол на тогашната жена дека му треба простор.

Никита се преселила кај пријателка на недела дена, но кога се вратила Роберт и рекол дека сака развод. Неговата промена на однесувањето ја споредила со прекинувач за светло кој се изгасил, а дури се прашала дали боледува од некое ментално пореметување кое целосно ја променила неговата личност. Но, сега конечно знае зошто нивниот брак така нагло се завршил.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format