Еве колку ТИТО навистина бил МОЌЕН: Објавено писмото од Бајден до Маршалот на Југославија: “Драг Тито, ви благодарам за….”


Објавено тајното писмо од Бајден до Маршалот на Југославија: “Драг Тито, ви благодарам за….”

Американскиот претседател Џими Картер бил еден од поголемите пријатели на Јосип Броз Тито, кој знаел да го праша за совет, најчесто околу ситуациите на Блискиот исток. Кога Тито починал, Картер на погребот го испратил потпредседателот Валтер Мондејл и својата мајка Лилијан.

Година дена порано, на последното испраќање на Едвард Кардељ – идеолог за самоуправување и креатор на реченицата “среќа на човекот не може да му донесе ниту државата ниту партијата, туку единствено тој сам” – со познатиот дипломат Арјел Хариман го испратил и Џозеф Бајден, актуелен кандидадт на демократите за претседател на САД.

Бајден тогаш бил “жолтоклунец”, имал 36 години, а денес, на 77 години е најстариот кандидат за претседател на Америка. Доколку биде избран ќе има 78 години и ќе биде најстариот претседател на Америка.

Медиумите овие денови објавија интересно писмо кое Бајден, како млад дипломат, тогаш му го упатил на Тито.

Бајден во 1979. година како член на американската делегација го запознал југословенскиот претседател, а за историјата ќе остане запишано дека младиот дипломат со стариот Броз разговарал околу два часа. Тито и Хармина зборувале за Втората светска војна, комунизмот и Сталин, се присетил после Бајден, а од време на време Хариман би дофрлел: “Џо, кажи му што мислат младите за сето тоа!”.

По враќањето во Америка, Бајден на Тито му напишал писмо како благодарност во кое пишувало:

“Драг господине претседателе, сакам уште еднаш да ви се заблагодарам за вашето великодушно гостопримливство во текот на мојата неодамнешна посета на Југославија како член на делегацијата на САД на комеморацијата одржана повод тажната смрт на Едвард Кардељ. Беше убаво од вашата страна што ме примивте и уживав многу во размената на нашите ставови и мислења. Се надевам дека ќе имам прилика повторно да ја посетам вашата прекрасна и интересна земја со некој среќен повод”.

Година дена подоцна, Тито починал, а Картер и Бајден во заминувањето на погребот ги спречила изборната кампања. Иако имало предлози да замине Кирк Даглас, омилениот актер на Тито (кој маржалот сакал да го види во филмот Сутјеска, но улогата на крајот ја добил Ричард Бартон) соломонското решение било да се испрати госпоѓата Лилијан Картер.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format