Оваа промена во телото укажува дека холестеролот е над границите во нормалата


Оваа промена во телото укажува дека холестеролот е над границите во нормалата…

На телото му е потребна мала количина на холестерол во крвта за да го користи за создавање на хормони како естроген и тестостерон, а делува и како помош за метаболизмот и неговото ефикасно работење.

Меѓутоа, доколку нивото на холестерол е високо над границата на нормалата, тоа може да доведе до зголемен ризик од болести на срцето и други сериозни здравствени состојби.

Доколку ви се случува да имате заматен вид или пред очите да ви се појавуваат сенки како блиц од фотоапарат, тоа е првиот знак на кој мора да посветите внимание. Таканаречениот “сјај” може да биде првиот показател за покачен холестерол.

-Може да постои и период – неколку дена или недели – во кој заболениот доживува блесоци на светлина кои траат неколку секунди или минута. Доколку светлината се влошува, потребно е моментално преиспитување од страна на офтолмолог – вели доктор Мартин Шкур.

Покрај ова може да се јават и флеки во видот или заматување кое трае неколку дена, што исто така претставува знак за висок холестерол.

Во објавеното истражување, дополнително е изразен високиот холестерол и како тој може да влијае на очите. Истражувањето вели: “холестеролските емболи можат да ослободат плакови во внатрешноста на каротидната артерија и да се преселат во артериолата на мрежницата.”

Промена на животниот стил може да го намали холестеролот, а се советува следното:

  • Јадете помалку сол
  • Во менито вметнете зеленчук и интегрални житарици
  • Ограничете ја количината на животински масти и користете добри масти во умерени количини
  • Одржувајте здрава тежина
  • Прекинете со пушењето
  • Вежбајте минимум 30 минути дневно
  • Намалете го стресот

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format