Оваа фотографија од татко кој плаче и новородената ќерка крие прекрасна приказна! Многу луѓе се борат со овој непријател (ФОТО)


Оваа фотографија од татко кој плаче и новородената ќерка крие прекрасна приказна! Многу луѓе се борат со овој непријател…

Лејлани Роџерс е фотограф чија мисија е да ја забележи среќата на паровите кои ги фотографира. Смета дека овој пат успеала во тоа.
На фотографијата е таткото Хантер Мадена кој ја држи својата новородена ќерка Евелин Елизабет.

“Ова е приказна за мајка и татко кои поминале низ страшна загуба и упорност за да го добијат своето дете”, напишала Лејлани на социјалните мрежи.

“Таа тетоважа на градите ја направил после првиот абортус, а сега неговата ќерка слатко лежи наслонета со главата на него. Двете се потсетници за нивната победа”, додала таа.

Емотивно е да се види возрасен човек како плаче над своето бебе, а во овој случај, речиси и можете да ја почувствувате целата љубов. Не само што фотографијата е навистина емотивна, таа е симбол за надеж на другите парови кои се борат со неплодност.

Иако траел 40 часа, парот останал многу поврзан во текот на целото породување.

“Бев присутна во текот на породувањето на моите клиенти. Морав да бидам подготвена да ја уловам секоја емоција, како оваа и пред таа да се случи. Всушност, јас ги предвидувам”, заклучила Лејлани.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format