Ова откритие целосно ја менува историјата која денес ја знаеме


Ова откритие целосно ја менува историјата која денес ја знаеме

Фосил на оклопна риба стар 410 милиони години целосно ја промени историјата на ајкулите, се наведува во новообјавеното истражување.

Риба, позната како “Minjinia turgenesis”, имала костур направен од коски, за разлика од рскавица од кои ајкулите денес воглавно се создадени, доколку не ги сметаме забите.

Експертите фосилизираниот череп го открија во монголските планини.

“Беше тоа многу неочекувано откритие. Денешната наука вели дека коскената внатрешноста на костурот е единствената иновација на лозата која од предците на ајкулата се одвоила пред повеќе од 400 милиони години, но овде се наоѓаат јасни докази а коскена внатрешност на скелетот кај роднините на ајкулите, кои воедно е и наш роднина”, изјави водечкиот автор на истражувањето Мартин Бразе.

Можно е оваа јкула да биде поголема од големата бела ајкула, со тоа што некои припадници дотигнувале и повеќе од 9 метри во должина.

Мартин исто така забележил дека најверојатно се работело за тогашен предатор.

Иако се верува дека оваа ајкула е значително помала од денешната кит-ајкула таа извршила огромно влијание, што сугерира дека ајкулите некогаш имале коски, а потоа ги изгубиле, изјавиле истражувачите.

Покрај тоа што имал костур составен од коски, имал и коскени плочи преку главата и раментата кои делувале како штитови, кој Бразе го опишал како “опсежен оклоп”.

Ова откритие додава дополнителна веродостојност на теоријата за ендохондрална коска – која ги прави човечките костури после раѓањето – можеби играла голема улога во еволуцијата на ајкулата и им помогнала да постојат и да се адаптираат повеќе од 400 милиони години.

“Доколку ајкулите имаат коскени костури кои со време ги изгубиле, тоа би можело да биде еволутивна адаптација”, додал тој.

“Ајкулите немаат пливачки меури, кои подоцна еволуирале во коскени риби, но полесниот костур им помогнал да бидат поподвижни и да пливаат на различни длабочини. Тоа можеби е она што им помогнало на ајкулите да бидат еден од првите глобални видови на риби, кои се прошириле низ океаните ширум светот пред 400 милиони години”, објаснил тој.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format