Ова се најголемите терористички напади и атентати во Југославија: Како е убиен амбасадорот на…


Ви ги представуваме најголемите терористички акции на усташите во некогашната СФРЈ.

Иако беа ретки, најмногу од нив се случија во текот на 60-тите и 70-тите години.

Во стара Југославија терористичките напади не беа толку ретка појава, најголем дел од нив се случија во 60-тите и 70-тите години. Фрлање бомби во кино сали, киднапирање авиони и атенати, беа само некои од нападите кои се случија. 

Усташот Миленко Хркач со бомба ја разнесе кино-салата “20 октомври”. Тоа се случи на 13 јули 1968 година кога загина Сава Чучуревиќ, девојката Магдалена Новаковиќ остана без нозе, а 76 луѓе беа ранети. За овој напад Хркач од усташката тајна организација добил 2.500 марки. Уапсен е во октомври 1969 година и осуден на смрт.

Припадниците на Хрватскиот ослободителен отпор влетале на 7 април во 1971 година во амбасадата на СФРЈ во Стокхолм и го усмртиле амбасадорот. Причината за тоа била издржување на затворска казна на деветмина Хрвати кои биле уапсени поради непријателско делување. Тие тогашниот амбасадор, Владимир Роловиќ, прво го држеле како заложник, речиси еден час, а потоа го загушиле со ремен. Во овој напад е ранета и службеничката Мица Стемпиер.

Разбојниците и се предале на полицијата а оној кој пукал во него е осуден на доживотен затвор. Меѓутоа, набрзо е пуштен кога група хрватски екстремисти киднапирала авион на линија Гетебург-Стокхолм и барала од шведските власти негово пуштање во замена за патниците. Шведските власти се согласиле и го ослободиле разбојникот.

Убиен е во 1991 година во Хрватска и се верува дека неговото убиство го нарачале високи функционери на Хрватската разузнавачка служба бидејќи знаел многу мрачни тајни за хрватската емиграција.

Во ЈАТ авионот, кој летал Стокхолм-Копенхаген-Загреб-Белград на 26 јануари во 1972 година била поставена бомба. Бомбата која била во куфер експлодирала додека авионот бил во лет. Загинале 22 патници и 5 членови на екипажот, единствената која преживеала била стјуардесата Весна Вуловиќ. Нападот повторно бил организиран од страна на Хрватскиот народен отпор.

После распадот на СССР, во ноември 1990 година, Европскиот парламент го призна постоењето на повеќедецениската тајна операција на ЦИА под името “Gladio”, во рамките на кои се ултрадесните терористи, помеѓу кои имало и усташи, а сето ова било организирано со цел рушење на комуницистичката влада.

Група од 19 членови на Хрватското револуционерно братство во летото 1972 година се обиделe да подигнат востание во СФРЈ. Верувајќи дека незадоволството од комунистичките власти во СФРЈ е толку големо што е доволен мал повод да извие востание, група од 19 припадници на усташката емигрантска организација во летото 1972 година влетала на територија на СФРЈ се со цел да предизвика востание.  Хрватското револуционерно братство била организација основана од усташите кои после Втората светска војна успеала да пребегнат во Австрија и Италија, и оваа организација била одговорна за 50% од сите терористички и диверзантски напади врз Југославија. Сите членови на таа побуненичка група, се убиени (19).

Група криминалци од Хрватска, на 26 септември 1981 година, го превземала Боингот на Јат, кој летал на линија Титоград-Белград. Во авионот имало 98 патници и 8 членови на екипажот, меѓутоа сите успеале да им побегнат. Интересно е што во авионот биле познатите актери Миша Јанкетиќ и Жарко Лаушевиќ, како и комплетниот тим на ФК Будучност.

Авионот полетал доцна навечер, и штом се одвоил од земја, станале три долгокоси момчиња. Двајцата извадиле пиштоли, а едниот нож, и со галама и закани на стјуардесата и ставиле нож на вратот, при што наредиле да се испразнат седиштата во првите редови. Потоа, му наредиле на пилотот Љубомир Зекавиц авионот да го насочи кон југот на Италија.

Над Италија, киднаперите го промениле планот и наредиле пилотот да ги вози кон Израел, а пилотот успеал на контролата на летање да им испрати сигнал дека авионот е киднапиран. После кратко убедување, грчките власти им дозволиле во Атина да земат гориво и да го продолжат летото, но Израелците им забраниле влегување во својот воздушен простор. Под закана, два фантома од израелското воено воздухопловство, во зори наредниот ден, слетале на Кипар.

На тој аеродром, патниците успеале да им побегнат кога некој во авионот викнал “пожар”.

Киднаперите биле Боривоје Јелиќ, Мирко Кризиќ и Милан Прпиќ. Сите се осудени на осум, пет и три години затвор. Некои експерти за безбедност тврделе дека поради ова киднапирање се крие терористичката група Бадер-Мајнхоф.

Никола Каваја, Србин кој работел за ЦИА, киднапирал авион во јуни 1979 година и сакал да удри во зградата на Централниот комитет во Белград. Тој побарал од затвор да го пуштат неговиот другар, Стоилко Кајевиќ.

Не успеал во својата намера бидејќи американската полиција го уапсила на аеродром во Чикаго. Осуден е на 18 години затвор, а починал во 2008 година во Белград, во својот стан.

Ерменците Харучион Крикор Левонијан и Рафи Александер ел Бекијан на 9 март, 1983 година го убиле турскиот амбасадор Галип Балкар. Убиството на турскиот амбасадор во СФРЈ бил прв и единствен случај на меѓународен тероизам во Белград. Атентаторите биле членови на тајна организација чија цел биле терористички акции над турски дипломати, се со цел да се привлече внимание од светската јавност поради геноцидот во Турција помеѓу 1915 и 1917 година.

Левонијан и Бекијан се осудени со првостепена судска постапка на смрт, а подоцна казната им е променета во 20 години затвор.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format