Ова се најчестите жители на вашата вагина


Вашата вагината е домаќин на мноштво микроорганизми кои живеат во не толку слатка околина – поточно, кисела, бидејќи pH во вагината е обично на ниско ниво.

И тоа се организми кои живеат во вас, и не ви пречат – напротив, ја сочинуваат вагиналната флора. Не е добро кога овие гости ќе се намножат, затоа што тогаш се појавуваат симптоми.

Лактобацили – корисни бактерии

Тие се корисни стапчести бактерии кои имаат способност да произведуваат млечна киселина. Благодарение на нив средината на вашата вагина е кисела, каква што треба да биде. Недостатокот на овие корисни микроорганизми ќе ја направи вашата вагина алкална, а тоа понатаму значи и чувствителна на инфекции. Сепак, и премногу лактобацили ќе предизвикаат “лактобацилоза”, а симптомите се слични на кандидијазата. Значи, ако лекувањето не успее, треба да се обидете наместо “натрапникот” во вашата вагина да го преиспитате “домаќинот”.

Бескорисни бактерии

Многу бактерии често се наоѓаат во вашата вагината, но тие не се корисни. Всушност, тие припаѓаат на цревната флора, така што може да се заклучи дека таму навистина не им е место. Сепак, до одреден број, нема да ви пречат. Но, ако бројот на лактобацилите значително се намали може да се добие болест наречена бактериска вагиноза или вагинитис. Тоа е, всушност, бактериска болест која често предизвикува Gardnerella vaginalis, баш поради нерамнотежата на бактериите во вашата вагина. Непријатниот мирис од вагината укажува на оваа болест, што значи дека лекувањето треба да започне што е можно поскоро. Можат да се појават печење, чешање и болка, а инфекцијата може да се прошири на кожата околу вагината или мочниот меур. Секретот е хомоген, бел или зеленкаст. Лекувањето со антибиотици ќе вроди со плод, но инфекцијата често се враќа. Важно е да со време да се започне лекувањето, но бидејќи симптомите обично се враќаат, можете да најдете и некој природен лек. И уште нешто, можеби симптомите ќе изостанат, а несаканите жители на вашата вагина сепак да надвладеат. Затоа, не заборавајте редовно да го посетувате гинекологот!

Габи

Ова е најчеста “условно патогена” габа во вашата вагина. Во нормални услови, концентрацијата на бактерии изнесува од 108-109 колонии на милилитар вагинален секрет. И кога вагиналната флора ќе забави во ризик сте кандидата да доминира со вашата вагина и да додбиете кандидијаза. Симптомот на оваа габична инфекција е првенствено чешањето, упорно и непријатно, а понекогаш и се шири на задникот. Секретот е бел густ, а при сексуален однос можете да почувствувате болка. Може да се забележи оток и црвенило на срмницата. Лекувањето на кандидитисот е со помош на креми, гелови ивагинолети. Сем лекови, од корист можат да бидат и природните препарати врз база на кантарион и невен. Оваа болка, за разлика од вагинозата многу полесно се лекува. Сепак, кај мал број на жени може да помине и во хронична состојба. Тоа не е невообичаено за кандидата да доминира со вашата вагина после употреба на антибиотици.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format