Ова се први симптоми на анален рак, еден од најагресивните: Еве која група на луѓе најчесто ги напаѓа


Ги погодува возрасните личности над 60 години, а раното откривање е од витална важност за успешно лечење.

Аналниот рак е еден од најагресивните видови на рак, посебно доколку не се открие во рана фаза. За жал, овој рак е во пораст во последните неколку години, иако е поредок од ракот на дебелото црево.

Аналниот карцином и ракот на дебелото црево се два различни виддови. Ракот на дебелото црево влијае на дебелото црево и целиот ректум, додека аналниот рак влијае само на отворањето на ректумот или анусот.

Ова се симптоми кои никогаш не треба да ги занемарите

-Чешање во анусот
-Болка во анусот
-Необична столица
-Анално крварење
-Стврднати подрачја

Кои се точно причините за анален рак се уште не е познато. Сепак, некои од причините кои му допринесуваат во појавата се ослабениот имунолошки систем, пушењето, зачестената иритација на анусот.

Аналниот рак најчесто ги погодува личностите над 60 години, а како што веќе спомнавме, раното откривање е од витална важност за успешно лечење.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format