Овие знаци покажуваат дека вашето тело е полно со токсини


Овие знаци покажуваат дека вашето тело е полно со токсини…

Токсините се сите соединенија кои имаат штетно влијание на телото, а можат да дојдат од храната, воздухот, водата, облеката, па дури и мобилниот телефон. Секогаш се обираат во нашето тело и тоа е неизоставен дел од нашиот живот.

Секако, некои навики можат да предизвикаат засилено собирање на токсини, како што е прекумерната конзумација на алкохол, пушење и конзумирањето на нездрава храна. Токсините го нарушуваат функционирањето на телото и го зголемуваат ризикот за настанување на болести.

Многу често создаваат чувство на умор, летаргија и поспаност. Ви откриваме вообичаени симптоми кои упатуваат на тоа дека вашето тело е полно со токсини.

Проблеми со варење на храната

Проблемите со варење настануваат кога телото е полно со токсини. Важно е да се напомене дека токсините ја намалуваат ефикасноста на системот за варење, што го зголемува ризикот за настанува на сериозни болести. Високото ниво на токсини во телото може да доведе до успорена работа на системот за варење, запек, подуеност, дијареа или отежната апсорпција на хранливи материи.

Проблеми со кожата

Акни, осип и воспаление на кожата можат да бидат показател за високо ниво на токсини во телото Акните се посебен и помеѓу најчестите показатели. Токсините можат да предизвикаат и отеченост кај очите.

Непријатен здив

Првиот чекор во превенција на непријатниот здив е одржување на хигиената во устата, а еднакво важен чекор е превенцијата на собирање на токсини во телото. Истражувањата покажале дека пречките во системот за варење се водечка причина за непријатен здив.

Необјасниво дебелеење

Високото ниво на токсини во телото е мнгоу честа причина за необјаснивото дебелеење. Доколку редовно вежбате и се храните здраво, а сепак имате проблеми со вишокот килограми, тоа е веројатно последица на хормонална нерамнотежа.

Умор и лошо расположение

Доколку секоја вечер доволно спиете но се уште се чувствувате уморно, голема е веројатноста да во вашето тело е насобрана голема количина токсини. Дали некогаш сте испаднале да работите откако вечер пред тоа сте конзумирале алкохол? Колку следниот ден сте имале енергија? До тоа доаѓа бидејќи балансот во телото е нарушен и телото се обидува да се ослбооди од токсините кои се насобрале претходната вечер.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format