Овие намирници никако не смеете да ги чувате во фрижидер, она под број 5 упорно ги правиме сите во Македонија


Овие намирници никако не смеете да ги чувате во фрижидер, она под број 5 упорно ги правиме сите во Македонија…

Фрижидерот е апсолутно неверојатен изум кој помага да ја сочуваме храната. Меѓутоа, не можат сите намирници да се чуваат во фрижидер. Некои од нив не поднесуваат ниски температури.

Еве ја листата на намирници, кои треба да ги чувате подалеку од фрижидерот:

Леб

Доколку ставите леб во фрижидер, тој брзо ќе се исуши, а ќе ги апсорбира сите мириси. Доколку лебот е голем и не ви е потребен во толкава количина, отсечете дел, а остаток замрзнете го.

Бел лук

Белиот лук воопшто не може да поднесе студено. Апсолутно нема потреба да го држите во фрижидер. На собна температура може да издржи и по неколку месеци. Предуслов е да има добра вентилација, односно да не биде оставен во пластична кеса.

Зимница

Се верува дека сите зимници и зачини мора да се чуваат директно во фрижидер. Меѓутоа, намирници како оцет, шеќер и сол се одлични конзерванси. Сосот како ајвар, кечаш итн, можат да стојат надвор од фрижидерот без проблем. Што подолго стојат, ќе бидат се повкусни.

Компир

Фрижидерот може да го расипе вкусот на компирите, бидејќи на пониски температури, скробот се претвора во шечер. Компирот е најдобро да го чувате надвор од фрижидерот, во книжна кеса.

Домат

Фрижидерот ќе го уништи вкусот на доматот. Најдобро е овој зеленчук да го чувате во кујната на некое пултче, но никако на директна светлина.

Кромид

Кромидот може само брзо да скапе во фрижидерот. Тој најдобро се чува во мрежести вреќички кои ќе му обезбедат добра вентилација.

Кафе

Фрижидерот може да го расипе вкусот на кафето, освен тоа, тоа има силен мирис, така што сите намирници во фрижидерот ќе мирисаат на кафе.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format