Одвратни навики со кои го уништувате вашето лице, најголем дел од жените избегнуваат употреба на…


Одвратни навики со кои го уништувате вашето лице, најголем дел од жените избегнуваат употреба на…

Доколку сакате прекрасен тен, потребни се драстични промени.
Сите сакаме да имаме убав тен и да ја задржиме еластичноста и младоликоста на кожата што подолго.

Сепак, се случува дури и кога мислиме дека се правиме како што треба, сепак да за забележиме појава на митисери, акни или мозолчиња.

Вистината е дека постојат многу начини на кои секојдневно ја уништуваме кожата на лицето и вратот, а за тоа да не сме свесни.

Овие неколку навики докажано влијаат на квалитетот, здравјето и изгледот на вашата кожа.

Не користите производи кои содржат ретинол

Не постои магично решение за поамлу пори, но постојат производи кои можат да ги направат помалку видливи.

Од една страна, голем број дерматолози советуваат употреба на ретиноид како дел од рутинската нега, пред да заминете на спиење.

Ретинолот е облик на витамин А и може да го зголеми развојот на клетки на кожата, нејзината еластичност, и да влијае на нејзината структура.

Прескокнувањето на употреба на производи кои содржат ретинол може да ја зголеми појавата на масни дамки на кожата.

Го држите вашиот телефон на лицето

Сигурни сме дека сте слушнале дека телефоните имаат огромен број бактерии на нив. Тогаш сигурно ви е јасно што ќе се случи доколку постојано го држите вашиот телефон на вашето лице.

Нашите телефони се однесуваат како магнет, ја собираат шминката, природните масла од рацете и лицето, но и сите токсини и бактерии од околината.

Секој пат кога го држиме телефонот на лицето, нанесуваме бактерии на кожата кои можат да предизвикаат затнување на порите и појава на нови мозолчиња.

Прекумерно сончање и не користење на заштитен фактор

На прво место, сонцето ја дехидира вашата кожа и прави лојните жлезди да работат повеќе отколку што треба, а со самото тоа, порите изгледаат многу поголеми.

Не само што порите ќе се зголемат, туку и вишокот масло дополнително ќе ја затне кожата и ќе ги влоши митисерите.

Исто така, би требало да ги послушате дерматолозите и користете креми за заштита од сонце секој ден, дури и во текот на зимскиот период и тмурните денови.

Прескокнување тонер

Од една страна, во последните години се водат дебати дали употребата на тонер е потребна или не.

Експертите истакнуваат дека порите затнати со масло и нечистотии, можат трајно да останат проширени, а од друга страна, дури ниту чистењето нема да ги сведе на минимум.

Доколку не ги чистите, можете да ги ослабете ѕидовите на порите на вашето лице. Токму од таа причина, тонерот овозможува секојдневен “пилинг” и помага во отстранувањето на мртви клетки од кожата и нечистотии.

Прескокнувањето на тонерот значи дека не дозволувате кожата природни и брзо да се излупи.

Нанесувате водоотпорна шминка

Водоотпорните фомули често содржат многу силикон. Оваа тешка состојка, може да ги затне вашите пори, не дозволувајќи и на вашата кожа нормално да дише.

Секојдневното користење на водоотпорни шминки не се препорачува, бидејќи може да ја влоши кожата и потешко се отстранува.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format