Од деведесетите години не излегува без пиштол: Има истепано 2.000 “фраери”, а го чуваат 7-8 телохранители


Не сака да ризикува…

Идниот учесник на ријалити програмата Задруга, Кристијан Голубовиќ открил дека стравува за својата безбедност, и дека секогаш е опкружен со телохранители, како и дека од деведесетите не излегол од дома без пиштол.

Тој открил и кој се всушност припадниците на неговото обезбедување.

“Од деведесетите години никогаш не сум излегол во град а барем двајца луѓе да немам до мене. Не е тоа класично обезбедување, тоа се моите другари од шкослките денови, роднини или другари од затвор, кои ми го чуваат грбот. Тоа го правам од претпазливост, што вели нашиот народ. Од истата причина носам и питол. Подобор да го имам кај себе отколку да го немам, а да ми затреба”, раскажува Голубовиќ и истакнува дека тој е трн во око на многу луѓе.

“Немам ја сериозни непријатели, само некои кои можат да ми направат ситен проблем. Тие тргнуваат на мене бидејќи немаат мозок во главата. Но овој пат им порачувам дека не можат да ми наштетат ниту ако извадат топ на мене”.

Кристијан објаснил дека обично го обезбедуваат две момчиња, а екипата се зголемува кога покрај него се сопругата Ивана и ќерката Вера.

“Кога некаде одам со жената и детето, мора барем седум-осум луѓе да бидат со нас. Тие не одат со нас, но се тука за секој случај”, изјавил тој и признал дека на неговата поубава половина и пречи тоа.

“На Ивана и е непријатно, но мора да се навикне. Нека сфати дека не се омажила за Мирослав Илиќ, туку за Кристијан Голубовиќ. Јас носам некои работи од минатото. Досега истепав 2.000 тренеоиди. Можеби некои од нив станал мангуп во своето село, па ќе се осили и ќе тргне на мене”, заклучил Кристијан.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format