Од небо паѓала марихуана: Дрон фрлил стотици кесички со дрога (ФОТО)


Од небо паѓала марихуана: Дрон фрлил стотици кесички со дрога…

Стотици кесички марихуана паѓаа оваа недела од небото на централниот плоштад во Тел Авив, на радост на занемените минувачи, кои се растрчаа по нив.

“Крајно време е, драги браќа. Дали тоа е птица? Дали е авион? Не, тоа е зелен дрон, кој бесплатно дели марихуана”, напиша групата “Зелен дрон” во криптичната порака во апликацијата Телеграм, пренесуваат израелските медиуми.

Стотици кесички се фрлени од дрон, на радост на минувачите кои побрзаа да ги соберат паковките марихуана од по два грама на Рабиновиот плоштад.

Двајцата луѓе кои управувале со беспилотното летало биле сопрени од полиција.

“Зелениот дрон”, најави дека проектот “Дожд од марихуана” ќе продолжи секоја недела на друга локација во Израел, каде од небото ќе паднат вкупно еден килограм марихуана.

Иако Израел го одобри извозот на медицинска марихуана, производството, продажбата, купувањето и употребата на оваа “дрога” во “рекреативни цели” и понатаму претставува прекршок.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format