Ослабела 72 килограми, 5 години ја одржувала линијата но криела мрачна тајна! Таа конечно покажа како изгледа нејзиниот стомак


Ослабела 72 килограми, 5 години ја одржувала линијата но криела мрачна тајна! Таа конечно покажа како изгледа нејзиниот стомак.

Фитнес тренерот Ерика Луго која се прослави со учеството во ријалити програмата “The Biggest Loser” открила дека сепак мора да подлегне на операции за да го отстрани вишокот кожа од стомакот.

Преубавата бринета оваа вест ја сподели на Инстаграм со своите 650.000 следачи, со коментар дека сака да биде искрена кон сите, и да им овозможи да ја следат во овој подфат.

“Прва, застрашувачка и сирово транспарентна објава”, напиша на почетокот на објавата со фотографија од својот стомак, кој прв пат јавно го покажа без криење, додавајќи дека е многу нервозна поради тоа.

“Многу се трудев да изгубам 72 килограми. горда сум на мускулите кои ги изградив и уште погорда бидејќи пета години по ред успевам да ја задржам посакуваната тежина. Вака изгледа сега”, напиша и на две фотографии го покажа својот стомак од две различни персспективи – онака како што дозволува луѓето на социјалните мрежи да го видат онаков каков што навистина е.

Таа објасни дека вишокот кожа е дел од нејзината промена и дека тоа досега го прифаќала, но веќе започнало да и смета.

“Таа е мојата борбена лузна, но колку повеќе мускули градам и колку повеќе станувам послаба, толку повеќе ми се собира опуштена кожа”, истканала и додала дека ниту исхраната ниту вежбањето не можат да и помогнат.

“Решив да го отстранам вишокот кожа, иако тоа не беше лесна одлука. Тоа е нешто што го истражувам со години”, раскажа таа и изјави дека овој месец ќе ја направи посакуваната операција.

Ерика успеала во рок од две години да ослабе преку 70 килограми, а овој потег успеала да го претвори во своевидна кариера. Денес работи како фитнес тренер и мотиватор во шоуто “The Biggest Loser” каде што им помага на луѓето во процесот на слабеење.

Иначе, оваа 33 годишна жена во октомври 2018 година, имала дијагноза за карцином на штитната жлезда, што го успирло нејзиното фитнес патување, но успеала да се прилагоди на новата здравствена состојба.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format