Пет грешки кои 90% од жените ги прават додека имаат се*с, втората најмногу им штети токму нив


Пет грешки кои 90% од жените ги прават додека имаат се*с, втората најмногу им штети токму нив…

Жените некогаш премногу размислуваат, наместо едноставно да се опуштат и уживаат. Ова се најчестите грешки кои жените ги прават во кревет, па дури и оние најсамоуверените.

Чекате да бидете расположени за секс

Доколку чекате вашиот мозок и тело, ненадејно да се напалат, веројатно тоа нема да се случува многу често. Тоа е затоа што голем број од жените не чувствуваат потреба додека нешто не ги поттикне на тоа – бакнежите на партнерот или допирите.

-Предиграта, па и самите допири, го придвижуваат телото да испрати порака до мозокот со што се активира делот за сексуално задоволство, покажале истражувањата, изјави американскиот доктор Скот Халтзман.

-Дури и кога чувствувате дека не се доволно подготвени за самиот чин, на пример, не сте доволно влажни, тоа не значи дека не сте возбудени. Во вакви случаеви можат да помогнат лубриканти во текот на предиграта – раскажала Маделин Кастеланост, психијатар, специјализиран за сексуална дисфункција.

Потребите на партнерот се пред вашите

Насочување на целата своја енергија во задоволување на партнерот нема да ве направи подобар љубовник, туку помалку среќен љубовник. Тоа може да влијае лошо на двајцата.

Сексот е време кога треба да бидете себични и да уживате.

-Биолошки, жените се предодрени да ги ставаат туѓите потреби пред своите. Но, тој инстинкт треба да се отфрли кога е во прашање вашиот сексуален живот. Успорите. На жените им треба подолго да се возбудат и да доживеат оргазам, и тоа е во ред. Не се чувствувајте виновни. Вашето уживање го пали партнерот – објасни Кастеланос.

Таа додава дека многу е важно да бидете искрени кон себе и партнерот за тоа што ви одговара Не сакате одредена поза. Кажете. Во 11 навечер сте уморни? Закажете утрински секс. Прилагодете се според вашите желби.

Кога тој има проблем, мислите дека вие сте виновни

И мажите едноставно некогаш не можат, не сакаат, не се расположени, во депресија се или не можат да постигнат ерекција.

-Исцрпеноста, стресот и депресијата можат значајно да влијаат на машкото либидо, еднакво како и на женската желба – објаснил Халтзман.

Мажите исто така имаат период на опоравување после оргазам, кој со текот на годините се продолжува.

Мислењето за вашето тело стои помеѓу вас и добриот секс

Фактот дека мажите воопшто не ги интересира какви гаќички и градник носите, како ви изгледа струкот или рацете. Тие сакаат секс со својата партнерка и тоа е тоа. Опуштете се и уживајте. Вашето мислење за своето тело ви пречи само вам, тој не размислува исто како вас.

Не фантазирате

Паровите кои долго се заедно, можат понекогаш да доживеат период на досаден секс. Тоа е затоа што прекинале да фантазираат. Жените во тоа посебно се ограничуваат, бидејќи се чувствуваат виновно.

Но Кастланос вели дека нема ништо лошшо во тоа да размислувате за секс и да фантазирате за различни сценарија.

-Тоа ја зголемува желбата што вам ви овозможува возбудлив секс со партнерот. Тоа е добивка за двајцата – објаснила таа.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format