Погледнете како изгледа човекот по чиј изглед е создаден Шрек (ФОТО)


Погледнете како изгледа човекот по чиј изглед е создаден Шрек…

Професионалниот боксер „Францускиот ангел“, како што го викаа, зборуваше 14 јазици, беше и поет и актер, но беше исмејуван од многумина заради неговата болест.

Боксерот Морис Тилет (1903 – 1954) страдаше од акромегалија во своите 20-ти години, ретка хронична болест која предизвикува неконтролирано да растат коските. Симптомите се манифестираат со зголемување на рацете и нозете, задебелување на усните и формирање на вишок брчки на челото.

Бидејќи сите му се смееја, тој избега во САД за да започне нов живот каде сонуваше да стане адвокат. Таму тој беше професионален борач и веднаш прогласен за „унаказаната грдотија во рингот“. Тој го совлада Стив „Крушер“ Кејси на 1 август 1944 година и ја однесе светската титула.

Сепак, емотивниот интелектуалец живеел како пустник. Уживал во шаховски игри со бизнисменот Патрик Кели, кој го изневери близу крајот на животот. Животот го загуби во 1954 година поради срцето кое ослабнало поради болеста.

Пред неговото заминување, борачот Боби Манагоф го праша дали може да направи калапи од гипс од неговото лице. Тој се согласи. Манагоф направи три калапи. Кели со години чуваше едно на бирото во студиото, а две беа донесени во музеј.

Иако Шрек е направен по него и никој не се сомнева во тоа, филмското студио „Dreamworks“ што го лансираше популарниот филм никогаш не ги потврди гласините дека тоа навистина е тој … Што мислите, случајност или инспирација?

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format