Познатата актерката уапсена после смртта на нејзиното момче…
Актерката е приведена откако нејзиното момче, исто така актер, починал поради предозирање.
Боливудската ѕвезда Реа Чакаборти била уапсена од единицата за наркотици после неколку часа сосложување бидејќи, како што пренесуваат странските медиуми, наводно ја купила дрогата од која се предозирало нејзиното момче, актерот Сушант Син Раџпут.
Реа Чкаборти ги негира сите обвиненија, а во официјалното соопштение кои ги објавија нејзините претставници, наведува дека доказите против сеа се фабрикувани.
Нејзиниот брат, како и нејзиниот поранешен станодавец исто така се приведени и сите тројца се осомничени дека го организирале и финансирале конзмуирањето на марихуана на Раџпут.
Безживотното тело на Сушант Син Раџпут е пронајдено во неговиот дом кон средината на јуни, а полицијата изјавила дека актерот сам си го одземал животот.
Меѓутоа, подоцна семејството на Раџпут поднело жалба во овој случај и подоцна ја обвиниле Реа Чакаборти дека помогнала во неговото самоубиство.
Таткото на Раџпут изјавил дека Сушант немал проблеми со менталното здравје.
Од неговата смрт, Реа Чакаборти ја напаѓале на социјалните мрежи дека користи мажи за пари и тоа привлекло дополнително внимание на неа и овој случај.
Недела дена пред смртта на Раџпут, Реа Чакаборти ги посетувала своите родители и не била присутна во моментот кога Раџпут починал.
Connect with us