Полицијата го уапси Игор поради оваа снимка: Го фати новороденото бебе и го мачеше пред сопругата (ФОТО)


Полицијата реагирала експресно, а Игор и неговата сопруга завршиле зад решетки.

Игор Кравтасов (35) од Москва, иначе познат инфлуенсер на социјални мрежи, е уапсен откако објавил снимка на која си “игра” со своето шестнеделно бебе. Снимката веднаш ја избришал.

Игор бил пријавен во полиција од некои свои следачи откако ја пуштил снимката на кое го држи детето со една рака во воздух и го тресе за да ја види неговата реакција.

Следачите биле шокирани бидејќи Игор го ризикувал здравјето и безбедноста на штотуку роденото бебе. Во притвор завршила и неговата сопруга Дарија (27) која сето тоа немо го следела додека снимила со својот телефон.

Од полиција велат дека ваквото однесување кон сопственото дете е апсолутно неприфатливо и дека случајот е веќе пријавен во Центарот за социјална работа.

Постојат сериозни индикации дека парот поради оваа снимка може да го изгуби и правото над сопственото дете.

“Бесен сум. Ниту на било кој начин не го загрозив своето дете. Ние сите потекнуваме од мајмун, не гледам ништо спорно во ова, ние сме жилав вид на Земјата. Имам свои видувања и сето ова ќе го кажам на адвокатот”, изјавил Игор.

Неонаталогот Вера Пушкарева за московските медиуми изјавила дека ова било опасно, бидејќи бебешките коски и анатомија можеби веќе се формирани, но не се подготвени за вакви предизвици.

“Детските коски се меки, едно нагло потекнување или пад би можел да ги повреди или оштети за цел живот”, изјавила таа.


Like it? Share with your friends!

2
3 shares, 2 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format