Поп тврди дека геј луѓето се виновни за коронавирусот: Сега и тој е заразен!


Поп тврди дека геј луѓето се виновни за коронавирусот: Сега и тој е заразен!

Поглаварот на Украинската православна црква патријарх Филарет (91), кој тврдел дека за пандемијата се виновни “истополовите” бракови, има коронавирус.

На патријархот Ковид-19 му е потврден при рутинско тестирање, а украинскиот портал 112. интернешнл пишува дека во меѓувреме развил воспаление на белите дробови.

Во соопштението објавено на официјалниот Фејсбук профил на Украинската православна црква, стои дека патријархот моментално е на болничко лечење.

Филарет иначе за коронавирус ја обвинувал ЛГБТ заедницата. Тврдел дека пандемијата е божја казна за гревовите на човештвото. “Најпрво, мислам на истополовите бракови”, изјавил тој и разбеснел многумина.

Мариа Гурјева, портпарол на украинскиот “Amnesty International”, тогаш предупредила дека таквите изјави се многу опасни бидејќи можат да доведат до насилство кон одредени групи во општеството, а многумина бараа и јавно извинување, Филарет не се извинил, а неговите претставници во јавноста продолжиле да ја бранат неговата изјава.

Иначе, после независноста на Украина во 1991. година и распадот на Советскиот Сојуз, Филарет ја основал Украинската православна црква и се прогласил за патријарх.

Православните во Украина се поделени, дел припаѓаат на Црквата на московскиот патријархат, а друг дел е верен на киевскиот патријархат, саморпголасен после независноста на земјата во 1992. година и до 2018. година не го признавала ниту една православна црква во светот.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format