Последица на коронавирусот: Се повеќе пациенти кои ја прележале короната, се жалат дека им се случува ова


Синдромот се јавил кај голем број луѓе неколку недели после прележаната болест.

Експертите од лондонската клиника Белгравиа, специјализирана за проблеми со опаѓање на косата, ја предупредија јавноста на зголемен број пациенти кои го прележале коронавирусот, а на кои подоцна, започнала да им опаѓа косата.

Имено, тие забележиле необично висок процент на луѓе излечени од коронавирус, на кои им е дијагностициран телоген ефлувиум (ТЕ) – синдром на привремено губење на косата кое се случува после претрпен стрес, шок или трауматски настан.

После опсежното шестнеделно истражување, тие дошле до резултати дека кај речиси две третини од машките пациенти (64%) и повеќе од една третина од жените (38%), го забележиле овој синдром.

Според податоците, овој проблем се јавува 8 до 16 недели после првите симптоми на коронавирусот.

Во прилог на ова истражување оди и онлајн анкетата, на која одговориле околу 1.500 луѓе, каде што четвртина од испитаниците одговориле дека после опоравувањето од болеста, имале некои облик на губење на косата.

Грејс Дедли (30) од Велика Британија, ја избричила својата глава, кога забележила дека прамени од нејзината коса започнале да отпаѓаат, месец дена по излегубањето од болница во која била две недели, поради зараза со коронавирусот.

Таа за британските медиуми изјавила дека би изгубила повеќе од половина од својата коса доколку продолжела секојдневно да ја чешла.

Уште една жена која го преживеала овој опасен вирус, го опишала губењето на косата како неверојатно, бидејќи половина од нејзината коса исчезнала, само три месеци после потврдата дека е позитивна на коронавирус.

Рали Божинова, експерт во клиниката Белгравиа вели дека се очекува овој тренд да продолжи да расте и дека е потребно да се пријави секој симптом на опаѓање на косата после излекувањето на коронавирусот.

“Ова ја покажува количината на стрес кој коронавирусот го остава на нашето здравје, предизвикувајќи не само привремено опаѓање на косата, туку и други состојби, погубни по растот на косата, доколку не се третираат со време”, изјавила Божинова.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format