После овој текст, ќе размислите уште еднаш: Девојките кои обожаваат орален се*с, можат да добијат…


Овој вид на секс овозможува врвно уживање, но со себе носи и одредени ризици.

Научниците откриле врска помеѓу оралниот секс и бактериската вагиноза (БВ), вагинална состојба која предизвикува силен и непријатен мирис налик на риба. Тим експерти од Универзитетот во Калифорнија сугерира дека бактериите внесени во текот на оралниот секс можат да го зголемат ризикот од појава на БВ.

Бактериската вагиноза е честа причина за необично вагинално празнење, а иако не е полово пренослива инфекција, може да го зголеми ризикот и од таков вид на болести, како кламидија, предупредуваат научниците.

“Најчестите симптоми на бактериска вагиноза е необичниот вагинален исцедок кој има силен мирис на риба, посебно после секс.

Може ќе забележите и промена на бојата и густината на исцедокот.

Тој би можел да има сивкастобела нијанса и да биде претерано водлест”, се наведува во истражувањето.

Иако БВ е прилично честа состојба кај жените, механизмот кој стои позади неговата појава остана нејасен. Во новото истражување, истражувачите спровеле експерименти и на глувци и на човечки вагинални примероци.

Прво, глувците биле третирани со “Fusobacterium nucleatum”, бактерија која се наоѓа во усните. Резултатите покажале дека оваа изложеност ги зголемила биохемиските активности поврзани со БВ.
После тоа, човечки вагинални примероци земени од 21 жена, биле изложени на истата бактерија, а резултатите покажале дека тоа го зголемува нивниот ризик од бактериска вагиноза.

Може да се пренесе од устата на вагината

“Експериментите довеле до октиртие да “Fusobacterium nucleatum” не делува едносмерно со другите бактерии, но може да има взаемно корисен однос, потенцијално поттикнувајќи дисбиоза (микробен дисбаланс) во чувствителното вагинално подрачје”, напишале истражувачите во извештајот.

Кај луѓето во усните може да се пронајде “Fusobacterium nucleatum”, која подоцна предизвикува кариес на забите. Авторите на истражувањето претпоставуваат дека бактеријата може да се пренесе на вагината во текот на орален секс, што во некои клинички истражувања се идентификувало како еден од ризиците за појава на бактериска вагиноза.

Бактериската вагиноза обично се лечи со антибиотски таблети или креми.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format