Проститутки откриваат што научиле од својата работа: Една млада девојка вели дека луѓето не треба да се срамат од…


Проститутки откриваат што научиле од својата работа: Една млада девојка вели дека луѓето не треба да се срамат од…

Можеби мислите дека сексуалните работници во својата работа не ги вклучуваат емоциите, но во најголемиот број на случаеви нема да бидете во право. Сексот за пари има и текако силна чувствителна компонентна, а оние кои се занимаваат со ова научиле интересни лекции кога се во прашање љубовта и интимата.

Да, сексуалната работа е сериозна емотивна работа. Тоа е кога низ професионална услуга очекувате да добиете и одредени емоции и тоа оние кои токму вам ви требаат. Но, што научиле сексуалните работници од својата работа, а е поврзано со љубовта и интимниот живот?

Поголемиот дел од луѓето трагаат по интима која постои во сериозните врски

Живееме во свет во кој многумина се срамат од некакви традиционални односи и посветеност. Но, сексуалните работници кои учествувале во ова истражување за сексот и љубовта велат дека нивните клиенти не сакаат само секс. Тие сакаат да доживеат и чувства кои барем кратко ќе се задржат во нив.

“На своите клиенти им нудам искуство како да сум им вистинско момче. Поголемиот дел од клиентите бараат грижа и интима”, вели Виктор Белмонт кој работи за Rentboy.com, интернет страница за пронаоѓање на машка придружба.

Мелиса Петро, поранешна сексуална работничка, изјави дека нејзините машки клиенти го бараат истото.

“Јас во своите огласи нудев искуство на вистинска девојка. Тоа би значело дека мажот кој ќе ми се јави на огласот, ќе ме изнесе на пијалок, исто како на нормален дејт. Тогаш како вистински пар би заминале кај мене или него и таму би се бакнале, прегрнувале и на крај би имале секс”, раскажа Мелиса.

Хемијата со партнерот не настанува сама од себе, на тоа се работи

Конер Хабиб, писател и порно-ѕвезда, открил ека поради работата научил дека љубовта и интимноста поинаку се гледаат во приватниот живот. Поточно, интимноста престанал да ја смета за невозможен или спонтан феномен. И во тоа го нашол клучот на среќата.

“Толку многу луѓе чекаат интимноста со партнерот сама да се појави. Но, вистината е дека тоа можете сами да го произведете”, објаснува Конер. Разбирањето на ова му овозможило да биде почувствителен и поподготвен да одговори на потребите на партнерот во неговиот приватен живот.

Јасното изразување на желби го подобрува сексуалниот живот

Знаеме дека јасното изразување на желбите е важно и секси. Виктор, кој е транссексуалец, вели дека тоа е суштината во неговата работа.
“Сите работи се темелат на вербално договарање. Тоа е она што го сакам. Поради тоа се чувствувам добро”, вели тој.

Всушност, отвореното откривање на тоа што ве возбудува, драстично може да го подобри вашиот сексуален живот.

Сите имаме фетиши и поради тоа не треба да се срамиме

Со оглед на тоа што општеството секогаш таквите луѓе ги доживува како “изопачени”, многумина се срамат да ги признаат своите фетиши. Раџ, вработен на платформата Rentboy, вели дека една од причините зошто луѓето ја бараат неговата услуга, е што тој без срам ги признава своите “изопачени” желби.

“Нашата работа им овозможува на луѓето повеќе да уживаат во сексот и да не се срамат од своите желби”, истакнува тој.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format