Исповед на анонимна мајка од Србија.

“Родив прекрасно девојче пред 15 години со тогашното момче. Меѓутоа, во текот на бременоста се разделивме, едноставно, можеби не бев доволно добра за него.
Тој не беше против детето, но не сакаше да биде со мене. После раѓањето, тој го призна детето, меѓутоа имаше еден услов. Тој сакаше да го гледа детето насамо и без мене, а јас тоа не го дозволив, бидејќи го сакав и сакав да се обидеме повторно.
Тој не се согласи на ова, па одлучив да го тужам за алиментација. На мое изненадување, на суд изјави дека со своја волја сака да дава 50% од платата, а тоа и тогаш и сега била голема сума.
Алиментацијата достигнува околу 1000 евра, бидејќи работи како ИТ експерт и одлично заработува. Никогаш за ова време не изостана со плаќањето, но детето не сакал да го види во мое присуство, само сам.
Бидејќи тоа не го дозволувал, тој ичезна и практично полни 15 години нема контакт со ќерката.
Таа сега започна да оди во средно училиште и сакам да се запознаат, но таа одбива. Го мрази и вели дека е нечовек, а всушност јас влијаев на тоа да не се гледаат и и ја полнев главата со лоши приказни за него.Премногу се каам, и не знам што да правам, се плашам за иднината, ова е мојата животна грешка.”, пишув анонимната мајка.
Connect with us