Руската вакцина против корона ќе биде регистрирана на 12. август: Еве кој прв ќе ја прими


Во тестирањето учествувале 38 доброволци.

Руската вакцина, која ја направил центарот Гамалеј, ќе биде регистрирана на 12. август, а први ќе ја примат медицинските работници и постарите жители на земјата, соопшти заменик министерот за здравство на Русија, Олег Гридњев.

“Вакцината ќе биде регистрирана на 12. август. Сега е во тек последната, третата фаза на тестирањето. Испитувањето на вакцината е многу важно. Треба да сфатиме дека вакцината мора да биде безбедна. Прво ќе се вакцинираат медицинските работници и постарите лица”, изјавил Гридњев.

Тој додал дека можно е да се оцени ефикасноста на вакцината дури кога ќе се формира имунитет во популацијата.

Нешто порано, министерот за здравство Михаил Мурашко соопштил дека масовното вакцинирање против вирусот корона во Русија е планирано за октомври.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format