Семејството Бекам криеле дека се заразени со коронавирус: “Биле на неколку настани”


Семејството Бекам криеле дека се заразени со коронавирус: “Биле на неколку настани”…

Се заразиле на 1. март додека биле во Америка, а по враќањето во Велика Британија, Дејвид се чувствувал болен, а потоа и Викторија Бекам.

По враќањето во Англија одлучиле да го прослават 21. роденден на синот Бруклин, каде што присуствувале голем број поканети, а многумина од нив, од прославата заминале заразени, пишуваат британските медиуми.

“Беше тоа вистински ноќен кошмар. Дејвид замина во Америка поради обврски во клубот, а Викторија и семејството заминаа со него.

Биле на неколку настани, каде што Дејвид имал промотивни должности, се ракувал и бакнувал со навивачи на клубот”, изјавил близок пријател на познатиот пар.

Кога се вратиле во Велика Британија, Дејвид се чувствувал болен, а потоа Викторија започнало да ја боли грлото, а набрзо добила и температура.

“Истовремено, неколку нивни вработени започнале да развиваат симптоми. Викторија испаничила и му наредила на целото семејство да биде во карантин повеќе од две недели, бидејќи се плашела дека ќе го рашири вирусот и ќе зарази други”, додал пријателот на Бекамови.

Семејството Бекам одбило да ги коментира овие наводи.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format