Сестрите на славниот фудбалер, брутално претепани, итно пренесени во болница (ФОТО)


Сестрите на славниот фудбалер, брутално претепани, итно пренесени во болница, а реагирала и полицијата.

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез вчера дознал шокантни вести кога полицијата му соопштила дека неговите сестри Дуња и Инес се претепани.

Имено, Дуња и Инес се сопственички на салон за убавина во Париз кој веќе неколку години работи со огромен успех. Меѓутоа, сите останале во шок кога вчера е објавено дека целата опрема во салонот е искршена, и дека сестрите на Марез се претепани проади што итно биле префрлени во болница.

За среќа, докторите потврдиле дека не се работи за сериозни повреди, но поради траумата ќе останат на надгледување во болница. Дуња овие вести му ги соопштила на својот брат кој се наоѓа во Манчестер, а Марез останал во шок поради она што им се случило на неговите сестри.

Тие на полицијата и кажале дека ги нападнала група на момчиња чија цел била навистина да ги повредат. Француската полиција објавила дека станува збор за банда која ординира во таа населба, и дека ова не им е прв таков напад.

На надзорните камери се гледа како 12 момчиња влегуваат во салонот и започнуваат да кршат се. Сестрите на Марез се обиделе да ги сопругат, но на крајот го извлекле подебелиот крај.

-Шокираме сме и под траума. Не знаеме зошто ова ни се случило и дали е можно поради тоа што сме сестри на Марез. Се се случило во секунда. Три автомобили се паркираа пред салонот и тие момчиња веднаш не нападнаа. Ги навредуваа сите кои беа во салонот и го кршеа инвентарот и опремата. Еден се обиде да ме удави, додека друг ја удри мојата помлада сестра – изјавила Дуња.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format