Се развеле кога тој имал 99, а таа 96 години, причината го шокираше светот, зарем се уште мислат на тоа?


Се развеле кога тој имал 99, а таа 96 години, причината го шокираше светот, зарем се уште мислат на тоа?

Постојат случаеви какви никогаш порано не постоеле, да луѓе постари и од 80 години бараат развод за да можат да започнат нов живот. Во поголемиот број случаеви, развод бараат жените, вели Џани Еторе Гасани.

Неколку дена пред Божиќ 2011. година, 99 годишниот дедо од Италија Антонио Ц, пребарувал по старата комода и пронашол писма.

Започнал да ги ччита и сфатил дека неговата сопруга Роса (96) имала љубовник. ТОа било речиси 60 години порано, но Антонио сепак полудел.

Ја повикал сопругата која со солзи во очите веднаш му ја признала целата афера. Молела за прошка, но тој бил непобедлив – простување нема! Побарал развод, после 77 години брак, пет деца, десет внучиња и едно правнуче.

Антонио и Роса се венчале во 1930тите години. Тој бил родум Сардинија и бил командир на карабинерите во нејзиниот роден Наполи.

Откако нивната приказна завршила во локалните весници, а потоа и пошироко, италијанската влада во 2015. година ја ревидирала постапката за развод, намалувајќи го времето на чекање за неспортните случаеви од три години на шест месеци.

Многу постари брачни парови како едвај го дочекале ова, бидејќи бројот на барања во старосната група над 65 години се зголемил. На пример, 90 годишник побарал развод за да може да се венча со 30 години помлада жена која ја запознал.

-И ден денес постојат случаеви какви што никогаш порано не постоеле, луѓе постари дури и од 80 години бараат развод за да започнат нов живот. Во поголемиот број случаеви развод бараат италијанки постари од 65 години – изјави Џани Еторе Гасани, претседател и основач на италијанската академија за брачни правници во 2015. година.

Антонио и Роса станале најстариот браен пар кој некогаш побарал развод. Пред нив, рекордот го држел пар од Велика Британија. Берти и Џеси Вуд се развеле во 2009 година после 36 години брак.

Двајцата тогаш имале 98 години. И за двајцата тоа бил втор брак.

Берти починал година дена откако нивниот развод бил финализиран, кратко пред својот 99. роденден.


Like it? Share with your friends!

-6
9 shares, -6 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format