Синот на Лукашенко има 15 години и веќе е страв и трепет во Белорусија: Никој не знае која му е мајка, а на 7 години добил…


Младиот Николај е снимен како ги надлетува демонстрантите со хеликоптер, облечен во тактичка униформа на белоруските воени сили, како елитен командос.

Кога имал само 5 години, започнал да ги запознава некој од најзначајните светски лидери и бројни јавни личности – од Путин, преку Обама, Хуго Чавез, папата итн. Кога имал седум години, тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев му поклонил пиштол направен од чисто злато.

Плавокосиот тинејџер Николај, кој го викаат Колјо, денес е страв и трепет во Белорусија, пишуваат западните медиуми.

Лукашенко моментално се соочува со крвави и насилни протести против својот режим.

Стотици илјади демонстранти во Минск, но и во други белоруски градови, бараат оставка од Лукашенко, но изгледа дека на 15 годишниот Николај тоа не му пречи.

Како што пишува “The Daily Beast” Николај е снимен како демонстрантите ги надлетува со хеликоптер, облечен во тактичка униформа на белоруските воени сили, како елитен командос.

На сликата која ја објавиж режимот исто така може да се види Николај како седи на маса со својот татко, со автоматска пушка на своето рамо.

Колјо, побегнаа од тебе како глувци

Овие денови е објавена и видео снимка во која се гледа како младиот Лукашенко во хеликоптерот се бори со специјална полициска опрема која никако да ја стави на себе. Кога конечно успеал да ја навлече, прашал “Каде се?”, мислејќи на демонстрантите. Татко му му одговорил: “Дознаа дека ќе дојдеш, па побегнаа како глувци”.

Тоа било првото појавување на младиот Лукашенко откако избиле големите демонстрации против режимот.

За малиот Колјо не се знае многу. До 2007. година за неговото име не се ни знаело, а идентитетот на неговата мајка никогаш не се појавил во јавност.

Постојат гласини дека Николај е дете на Лукашенко и неговата лична терапевтка. Кога наполнил пет години, тој станал своевидна маскота на диктатурата.

Лукашенко го облекувал својот син во свечени униформи и го водел по воени паради, пишува српскиот портал Мондо.


Like it? Share with your friends!

3
19 shares, 3 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format