Совршено сочувани тела после речиси 40.000 години: “Прво и единствено вакво откритие”…

Во Сибир, научниците пронашле тела на две мечки, за кои се проценува дека се стари 39.000 години. Она што посебно ги зачудило, е што телата на овие животни се совршено сочувани.
Она што е најинтересно е што тие се пронајдени на различни места, а научниците сметаат дека во прашање е откритие од светско значење.
“Во прашање е прво, и засега единствено откритие од овој вид – цело тело на мечки, со сите ткива. Сите внатрешни органи се на место, а нивната муцка е речиси недопрена. Се што досега наоѓавме беа черепи и коски”, изјавила доктор Лена Григоријева, која учествувала во оваа експедиција.
Мечките ќе бидат проучувани на Рускиот североисточен сојузен Универзитет во Јакутск, а ќе бидат повикани и научници од други земји.
“Мораме да извршиме радиокарбонски анализи, за да ја утврдиме точната старост. За сега, се смета дека возрасната мечка е стара помеѓу 22.000 и 39.500 години”, изјавил доктор Маким Чепрасов, од Музејот за мамути во Јакутск.
Connect with us