Тинејџери пронашле закопано богатство старо повеќе од илјада години (ФОТО)


Тинејџери пронашле закопано богатство старо повеќе од илјада години…

Во централен Израел неодамна на археолошко наоѓалиште се откриени повеќе стотици златни парички стари повеќе од еден милениум. За проаноѓањето се заслужни млади волонтери кои им помагале на археолозите на тој локалитет.

Во глинен сад се откриени дури 425 златни парички, кои во времето кога биле закопани вределе вистинско богатство. Стари се повеќе од 1.100 години. Поголемиот дел се од раниот исламски период кога централен Израел бил дел од Абасидскиот калифат, а тешки се 845 грама.

Израелските власти нагласуваат дека овој пронајдок сведочи за развиената трговија на ова подрачје во тој период.

“Она што е единствено во ова откритие е дека се докажува колку меѓународната трговија во тоа време во овој регион била во пораст, многу попросперитетна за разлика од онаа о Европа, каде употребата на злато започнала да опаѓа”, објаснува Галит Тал од Одделението за антиквитети во Израел.

Израелските археолози сметаат дека личноста која ги закопала златните парички секако очекувала дека еден ден ќе се врати по нив, па просторот околу садот бил обележан со клинец за да не се поместува, но не е познато зошто не се вратил по богатството.

Паричките биле закопани на просторот на тогашните работилници, а идентитот на сопственикот е секако непознат.

Осумнаесетгодишниот волонтер Оз Коен, кој ги пронашол паричките, е пресреќен поради ова откритие.

“Додека копавме во еден момент ја отстранив земјата и здогледав нешто кое ми личеше на листови. Сакав да го исчистам, но сфатив дека тоа можеби се парички. Прво најдов три, а потоа и многу повеќе во долниот слој на земјата”, наведува Коен.

Во време на Абасидскиот калифат, 425 парички од 24-каратно злато претставувале значајна сума на пари со која можело да се купи луксузна куќа во Фустат, богатата престолнина на Египет во тоа време, сметаат експертите за ковани монети во Израелското одделение за антиквитети задолжени за ковани парички.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format