Трошоците се огромни, приходите нула: И познатата Цеца во финансиски проблеми поради короната


Трошоците се огромни, приходите нула: И познатата Цеца во финансиски проблеми поради короната…

Светлана Цеца Ражнатовиќ ја отвори душата пред белградскиот аеродром, каде што раскажа како за настапот во Луцерн, така и за проблемот со кој се соочува естрадата.

Имено, како што е познато, пандемијата со коронавирусот влијаеше на тоа бројни настапи на пејачи и пејачки да бидат откажани.

“Во Луцерн е многу опуштено. Задолжително е да носат маски во затворени простории, но на улица не, целосно слободно шетаат. Цирих е нешто поианку, тие се малку поригорозни, веројатно затоа што имаа пораст на заразени. Во секој случај, мене ми беше доволно само да излезам на бина и повторно да ја почувствувам таа енергија.Навистина тоа ни фали”; изјавила Цеца за емисијата Ексклузив и продолжила:

“Естрадата е навистина во проблем. Не зборуваме сега за мене, Лукас, Брена…А зошто и да не зборуваме за нас? Нам трошоците ни се огромни, приходите нула, а замислите пак оние луѓе кои работат за многу, многу помалку пари. Мислам дека тоа не е фер. Медиумите велат, естрадата се жали. Па се жали, секако, затоа што и ние имаме семејства и ние сме живи суштества кои треба да опстанат”.

Цеца наведува дека имало патници на нејзиниот лет.
“Лукас и јас бевме сами во бизнис, но имаше патници. И натаму, и наваму. Народот функционира, животот мора да продолжи. Ова може да трае “Бог знае до кога”, но ние мора да живееме и да преживуваме”, навела таа.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format