Тужба тешка неколку милиони: Супермоделот заврши на суд, бидејќи не сакала да…


Тужба тешка неколку милиони: Супермоделот заврши на суд…

Според наводите на странските медиумите, супермоделот Наоми Кембел ќе се појави на суд бидејќи ja тужи поранешниот партнер, милијардерот Владислав Доронин.

Кембел и Доронин биле во врска пет години, до 2013. година. Сега милијардерот тужи бидејќи Кембел “одбива да го врати заемот” но и затоа што задржала дел од неговиот имот во вредност од преку 3 милиони долари.

Тој во тужбата не ја наведува висината на заемот, така што се шпекулира дека оваа тужба може да биде тешка неколку милиони долари.

Познато е дека во текот на нивната врска Кембел добивала скапоцени поклони од рускиот милијардер, дека заедно престојувале во најскапите хотелски апартмани и дека уживале во патувања на приватни јахти.

Медиумите пишуваат дека Кембел, која го запознала Доронин во Кан, 2008. година, била дури и верена за него во текот на нивната врска, но ниту еден од нив двајца не ги потврдиле овие приказни.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format