Фејсбук и Инстаграм чекор поблиску до спојување: Се тестира нова опција, дали ви се допаѓа?


Фејсбук и Инстаграм чекор поблиску до спојување: Се тестира нова опција, дали ви се допаѓа?

Корисниците на социјалната мрежа Инстаграм веќе некое време можат да ги споделуваат своите приказни “story” и на својот фејсбук профил. Сега е направен уште еден чекор понатаму кон спојување на овие две платформи.

Некои корисници забележале дека, листајќи Фејсбук, можат да ги видат и Инстаграм приказните на своите пријатели. Ова е нова функција која засега е ограничена на мал број луѓе за да биде тестирана, но доколку се покаже како корисна, би можела да им биде достапна на сите.

Како ќе разликувате Инстаграм и Фејсбук приказни? Едноставно е – Фејсбук приказната ќе има сина рамка, додека Инстаграм портокалова.

Што се однесува до приватноста, Фејсбук нагласил дека нема потреба за грижа, бидејќи и понатаму само оние кои можат да ја видат вашата приказна на Инстаграм, го можат тоа и на Фејсбук. Оние кои не ве следат на Инстаграм, не можат да ја видат вашата приказна (story) на ниту една од овие две социјални мрежи, пишува Engaged, а пренесува Б92.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format