Црвената плажа во Кина, најубавото нешто кое ќе го видите денес


Песокот е веројатно првото нешто кое ви паѓа на памет кога ќе помислите на плажа.

Сепак, ова не е случај и со Панџен – црвената плажа во Кина, која нема ни грам песок на неа.

Овој феномен е предизвикан од морската трева Sueda. Почнува да расте во перидот помеѓу април и мај. Преку лето е зелена, но добива живописна црвена боја на есен.

Црвената плажа е лоцирана на најголемите мочуришта во светот, и е всушност дом на најкомплицираниот екосистем кој и’ е познат на науката: областа е живеалиште на 260 видови птици и 399 видови диви животни.

Овде можете да ги сретнете и загрозените птици крунест жерав и галебите со црн клун. Затоа оваа област е наречена и „дом на жеравите“.

Со цел да се заштити целиот екосистем, областа е заштитена со посебни закони од 1988 година. И покрај тоа што поголемиот дел од црвената плажа е забранет за јавноста, се’ уште има мал дел кој е отворен за туристи.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format