Шпанија се тресе – Барселона ги продава сите играчи, еве кои ќе заминат први…

Големиот дебакл на Барселона од Баерн во четврт финалето од Лигата на шампионите (8:2) ги натера челниците на Барселона на радикални потези.
Состанокот на претседателот со останатите функционери, но и со тренерот и спортскиот директор е закажан за понеделник.
Сепак, локалниот “Спорт” ни ги донесе најновите информации кои ја тресат Шпанија.
Тие тврдат дека целата екипа на шпанскиот гигант е на продажба.
Од таму наведуваат дека со сигурност може да се каже дека следната сезона за Барселона ќе играат само капитенот Лионел Меси, голманот Тер Штеген, Френки де Јонг и Клемен Ленгле.
На излезни врати, доколку стигнат адекватна понуда се сите останати.
Па така и искусните играчи како Пике, Суарес, Алба и Бускец. Во Шпанија постојат гласини дека и Кутињо и Дембеле влегуваат во оваа категорија, а клубот ќе ја прифати и вистинската понуда дури и за Антоан Гризман, кој стигна минатото лето.
Барселона оваа сезона не освоила ниту еден трофеј, што не му се случило на клубот од далечната сезона 2007/8.
Connect with us