Јадела неколку лешници на ден, а она што и се случило ја воодушевило: Сега тврди дека…

Поголемиот дел од луѓето ги обожаваат лешниците поради вкусот, но дали знаевте дека овој плод е премногу лековит?
Лешникот во народната медицина се користи со векови, а покрај плодот, се користат и кората, листовите и цветните реси.
Лешникот спаѓа во костенливо дрво, заедно со орасите, бадемите, фстаците, индискиот орев итн. Оваа група намирници е богата со омега 3 и омега 6 масни киселини и поради тоа често ги нарекуваат чистачи на крвта и чувари на срцето.
Плодовите содржат 61% масти, и тоа во најголем дел незаситени масни киселини. Содржината на јагленихидрати е 17%, а околу 15% се протеини.
Во јадрото се наоѓаат и витамин Ц, витамин А, витамин Б2, витамин Б3, витамин Б5, витамините Е и К, витаминот Б6, витаминот Б8, бетаин, витамин Б9. Од минерали содржи калциум, магнезиум, фосфор, железо, бакар, манган, селен и цинк. 100 грама лешници имаат 628 калории и 10 грама диетални влакна.
Нутриционистите предвидуваат да се вметне и во диетите, поради многубројните поволни влијанија на здравјето. 150 грама неделно е здрава замена за солени грицки кои се еден од главните виновници за дебелеење. Истражувањата покажале дека конзумирањето на лешници (околу 30 грама дневно) не влијае на зголемувањето на тежината, а има многу позитивни дејства (ја штити кожата и забите, влијае на растот и виталноста на косата, го зајакнува имунитетот, се бори против депресијата – сите оние работи на кои диетата со низок внес на енергија може лошо да делува).
Затоа се заслужни витамините, минералите и маслата со кои лешникот е богат. Витаминот А благотворно делува на кожата и косата, ги зајакнува забите и речиси сите внатрешни органи, како и имунитетот.
Витаминот Е ги чисти крвните садови и го штити срцето, а поради одржување на виталноста на кожата, нашол примена и во фармацевттската индустрија (лешникот често се користи во масла за масажа, но и во средства за заштита на кожата од сонцето). Во 100 грама лешници има околу 15 грама витамин Е и тоа е препорачан дневен внес на овој витамин. Бетаинот е важен за правилно функционирање на бубрезите и детоксикација на организмот.
Витамините Ф и К исто така влијаат на кожата и косата, како и на метаболизмот. Витамините од Б групата се важни за мускулна маса и енергија, за работата на мозокот и нервниот систем. Фолната киселина е важна во бременоста за развивање на плодот, а нејзиниот недосстаток доведува до анемија, и може да доведе и до затнување на крвните садови. Витаминот Б1 е неопходен за правилно функционирање на нервниот систем, мускулите и создавање на еритроцити.
Пантотенската киселина е стимуланс на надбубрежната жлезда, го намалува уморот и ја зголемува издржливоста, помага во одбрана од симптомите на стрес и го намалува нивото на лош холестерол во крвта. Го спречува таложењето на холестерол на ѕидовите на крвните садови, а важен е и за одржување на кожата и косата.
Лешникот не содржи холестерол, како ни останатите растителни плодови, но има состојки кои го намалуваат холестеролот во крвта. Омега 3 и Омега 6 масните киселини, покрај витамините од Б групата, се важни за чистење на крвните садови и превенција на мозочен и срцев удар.
Лешникот помага во опоравување на рековалесценти, заболени од рахитис, реума и анемија. Редовната конзумација на лешници го забрзува процесот на елиминација на песок од бубрезите и мочните канали, а ги ублажува и теговите поврзани со астма и бронхитис.
Цветните реси, листовите и кората од лешник се користат во превенција и лечење на жолтица, воспаление на белите дробови и низок притисок.
Connect with us