22 годишно момче од Скопје купило Пежо, излегол да се повози со неговата девојка, а потоа насилно му го одземале


Насилно одземен автомобил од сопственикот среде улица.

Имено, скопјанец на возраст од 22 години синоќа околу два часот по полноќ во полиција пријавил дека претходно, околу 22:30 часот додека со неговата девојка се возел во автомобил „Пежо 306“, на булеварот „Гоце Делчев“ го пресретнала поголема група на лица, од кои две лица го запреле возилото.

Потоа едно од лицата физички го нападнало, а другото лице му го одзело автомобилот, по што го напуштило местото на настанот. Во возилото имало пари и мобилен телефон.

од МВР информираат дека 22-годишникот во текот на денот го купил автомобилот од извесно лице Ф.И.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, пишува Скопско Ехо.


Like it? Share with your friends!

1
1 share, 1 point

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format