5 грешки во сексот кои ги прават само постарите жени и девојки: Тие забораваат на…


Не значи дека во спалната соба ќе биде идеално и доколку не ги правите овие грешки.

Некои од овие грешки се поврзани со сексот, најчесто кога се во прашање луѓе во триесетите години, и се препорачува да не ги повторувате.

Интимата повеќе не е приоритет

Имаме премногу обврски во триесетите години, помеѓу зголемената одговорност на работа, растечкото семејство и поголемите финансиски притисоци. Така што многу парови им подлегнуваат на тие притисоци и оставаат се помалку и помалку време за својот однос. Но, на вашиот сексуален живот му се потребни повеќе време, енергија и внимание за да процвета. И иронично, кога сте вие и партнерот на добро место сексуално и романтично, имате многу повеќе енергија за решавање на другите обврски.

Сте се помириле со поимот мрзлив секс

Секој кој се впушта во рутина, лесно може да падне во оваа сексуална замка. Мрзливиот секс може да биде брзо соблекување, прескокнување на сензуалните допири и стравствено бакнување и влегување директно до главните извори на оргазам. Во мрзливиот секс нема истражување и креативност и влијае на сексуалната мотивација. Решение не е повеќе време за секс туку во подобро користење на времето кое го имаме.

Сексот стана небитен поради бебето

Секако, бебињата и децата бараат многу внимание, и преку ден и преку ноќ, оставајќи ве уморни и со малку време. Доколку не сте имале секс во последно време и раното заминување на спиење ви изгледа како добра идеја, немојте. Останете будни и посветете му се еден на друг. Останете фокусирани на потребите на другата личност. И односите треба да се негуваат, баш како и децата.

Секс го сфаќате пресериозно

Сексот е дел од целокупното здравје и благосостојба, но не мора да биде толку сериозен – секогаш треба малку играње и забава. Доколку не се забавувате, тоа може да доведе до критикување на себе или својот партнер. Бидете отворени за различни видови на секс и немојте да бидете сексуален перфекционист. Единствената цел на сексот би требало да биде игра која вклучува давање и примање на задоволство.

Го заборавате клиторисот

Поголемиот дел од жените смета дека за оргазам е потребна вагинална стимулација. Но вистина е дека 97% од жените имаат потреба од некои вид на директна стимулација на клиторисот за да постигнат оргазам. Најдобриот начин на учење на оргазам е мастурбирање и истражување на сопственото тело. Кога ќе ја најдете сопствената способност за уживање во сексот, ќе можете да ја пренесете и на партнерот.

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format