65 годишен српски доктор стана милионер преку ноќ, спасувајќи го светот од корона вирусот


65 годишен српски доктор стана милионер преку ноќ, спасувајќи го светот од корона вирусот…

Професорот Ратко Џукановиќ (65), еден од најдобрите светски експерти за астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, заедно со двајца свои колеги од Универзитетот во Саутемптон дојде до големо откритие во лечењето на пациенти заразени со корона вирусот.

Српскиот експерт и професорите Стивен Хојгејт и Дона Дејвис пред 20 години откриле дека протеинот интерферон бета кој помага кај настинки, им недостасува на оние кои боледуваат од астма и хронични болести на белите дробови. На основа на тоа нивната фирма “Synairgen” развила негова замена која помага кај пациентите со вирусни заболувања.

Клиничкото истражување на нивниот лек SNG001, базирана на интерферон бета, е завршена пред неколку дена и покажала дека пациентите заразени со корона вирусот имаат два до три пати поголеми шанси за опоравување со оваа терапија отколку со плацебо.

Во истражувањето на 101 пациент било утврдено дека шансите за развој на тежок облик на болест се за 79% помали, и дека чувството на губење здив е драстично намалено.

Директорот на компанијата “Synairgen” Ричард Марсден е пресреќен поради резултатите.

“За нив нема ништо подобро од тоа да видат дека нивниот лек навистина ги лечи пациентите, а притоа истиот заработува пари”, изјави Марсден откако акциите на неговата компанија скокнаа за 540%, само неколку часа од објавувањето на резултатите од истражувањето на 21 јули.

Од почетокот на оваа година, вредноста на овие акции порасна за неверојатни 3.000%.

Бидејќи сите тројца научници имаат уде во компанијата, тие практично преку ноќ станаа милионери, па така 0,56% од акциите на доктор Џукановиќ сега вредат 1,6 милиони фунти (околу 1,75 милиони евра).

Клиничкото истражување е проширено на пациенти со благ облик на болеста, додека на фармацевтската компанија “Rentschler” и е наложено да произведе милион дози пред следниот бран на епидемијата која во Велика Британија се очекува на зима.


Like it? Share with your friends!

-1
1 share, -1 points

log in

reset password

Back to
log in
Choose A Format